„Шанса за Центар“ денеска до сите партии кои освоија места во Советот на општината упати јавен повик за усогласување на програмските заложби за иден развој на општината Центар
Од Граѓанската иницијатива која освои три советници во Центар потенцираат дека нема да градат коалициско партнерство со одредена политичка партија, туку ќе биде коалициски партнер секому, а ќе бара и соработка околу решенија базирани на вредности и квалитетни анализи кои ќе водат кон развој на општината
Според податоците на ДИК, најмногу гласови за Советот на Центар освои СДСМ, со што ќе има и најголем број од 23-те советници, потоа ВМРО-ДПМНЕ, Левица и „Шанса за Центар“
Засега само Горан Герасимовски кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата ја прифатија поканата на граѓанската иицијатива „Шанса за Центар“ за дебата околу приоритетите во следните четири години за општината.
„Како демократска партија сметаме дека секоја дебата е во интерес на подобри решенија за граѓаните и секогаш ја поддржуваме. На дебатата Герасимовски и претставниците од коалицијата ќе ги презентираат своите ставови во однос на клучните проблеми со кои се соочуваат граѓаните на општина Центар“,
соопштија од СДСМ попладнево.
„Шанса за Центар“ денеска до сите партии кои освоија места во Советот на општината упати јавен повик за усогласување на програмските заложби за иден развој на општината Центар.
„Имајќи ги предвид различните пристапи и концепти за развој на општината, Шанса за Центар смета дека програмските цели може да се усогласат, во интерес на граѓаните и на идниот развој на општината. Без оглед на различните политички погледи, можеме да покажеме дека суштински разбираме што е граѓански и јавен интерес и дека можеме натпартиски да соработуваме. Соработката мора да е врз основа на издржани решенија и добри пракси за надминување на проблемите на сите граѓани. Поделбите во нашето општество не придонесуваат за развој, квалитет, ниту пак за модернизација на процесите на управување. Центарот на главниот град кој заслужува да биде европска метропола, може да се развива само преку обединување на сите сили во полза на граѓанските интереси“,
објавија од „Шанса за Центар“.
Од Граѓанската иницијатива која освои три советници во Центар потенцираат дека нема да градат коалициско партнерство со одредена политичка партија, туку ќе биде коалициски партнер секому, а ќе бара и соработка околу решенија базирани на вредности и квалитетни анализи кои ќе водат кон развој на општината.
„Тежиштето е да се врати во Советот како место за конструктивна дебата и обединување околу најдобрите решенија“,
велат оттаму и ги посочуваат појдовни принципи за таква конструктивна дебата:
– Транспарентност и отчетност на општината
– Вклученост на граѓаните во процесите на одлучување
– Финансиска одговорност
– Модернизација на работа на инспекциските служби
– Законито урбанистичко планирање и градење
Дебатата би се одржала во Културно социјален простор- Центар ЈАДРO во вторник на 26 октомври.
Според податоците на ДИК, најмногу гласови за Советот на Центар освои СДСМ, со што ќе има и најголем број од 23-те советници, потоа ВМРО-ДПМНЕ, Левица и „Шанса за Центар“.