Сите партнери во Владата ќе треба да видат каде се згрешиле за да прават комбинаторики во партиите, вели кандидатот за градоначалник на Тетово и владин коалициски партнер
Кандидатот за градоначалник на Тетово Билал Касами од БЕСА во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24 рече дека не смее да се профитира на сметка на тетовската трагедија и да се добиваат гласови. Тој смета дека по изборите треба да се разгледа ситуацијата и не ја исклучи можноста за реконструкција на Владата.

„Нашето постоење е да понудиме решение за актуелните проблеми. Во врска со оставките на министерот и заменикот, ситуацијата е покомплексна и секоја прифатена оставка би ги оставила интитуциите во незавидна ситуација. Во моментот кога ќе завршат изборите, треба да се разгледа оваа ситуација и верувам дека тоа ќе се рефлектира и во изборните резултати. Сите партнери во Владата ќе треба да видат каде се згрешиле за да прават комбинаторики во партиите. Ако оцениме дека треба реконструкција, зошто да не?,
рече Касами во дебатата со противкандидатката во вториот круг, актуелната градоначалничка Теута Арифи од ДУИ која се бори за уште еден мандат.