Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вети промени во институциите
Новата иднина која ја ветува ВМРО-ДПМНЕ е влез во Европската унија без уцени и пазарења од кои граѓаните ќе се срамат, односно без грутка во грлата кога ќе сведочиме за цената која сме ја платиле, како што тоа е сега.

Вака денеска им вети лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на граѓаните Радовиш каде беше во кампања пред вториот круг од локалните избори.
„Новата иднина е на дофат. Потребен е само уште еден исчекор. Уште еден значаен потег, а тоа е 31 октомври. Зад параванот за гласање вие ја имате силата, вие сте силата на Македонија, а ние сме вашиот глас во институциите кои ќе ги менуваме и затоа сме на чекор до новата иднина“,
рече Мицкоски.