Актуелниот градоначалник на Берово, Звонко Пекевски, кој и на овие избори настапи како кандидат на СДСМ, е реизбран на функцијата. Со повеќе од 800 гласа разлика, тој оствари победа над противкандидатката од ВМРО-ДПМНЕ, Елеонора Рашковска.

„Освен мојата победа, драго ми е што ќе го имаме мнозинството и во Советот. Од 15 члена, ние ќе имаме најмалку 8 советници“,
изјави Пекевски.
Според податоците од аналитичкиот центар на СДСМ, победа остварил и нивниот втор кандидат во Малешевскиот Регион, досегашниот градоначалник на Делчево, Горан Трајковски.