ВМРО-ДПМНЕ вечерва слави во Штип. Нејзиниот кандидат за градоначалник Иван Јорданов прогласи победа во првиот круг над својот најголем претендент, актуелниот градоначалник Сашко Николов.
„Тоа што денеска ни го дадоа граѓаните ќе им го вратиме со многу работа за да направиме сѐ што можеме за доброто на нашиот град Штип. Јас чувствував дека луѓето се разочарани, но имав дилема дали ќе излезат да гласаат поради апатијата што владее. Но, граѓаните излегоа и се изјаснија. Според досега пребројаните гласови, имаме предност од над 3 000 гласа. Тие ги казнија ароганцијата и самобендисаноста на која бевме сведоци изминатите неколку години. Треба да напоменам дека сум многу задоволен што и нашата советничка листа помина одлично и ќе имаме мнозинство во Советот на Општина Штип“,
изјави кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Иван Јорданов.