Кандидатот за градоначалник на Алијанса и Алтернатива и актуелен прв човек на Гостивар, Арбен Таравари, објави дека остварил победа уште во првиот круг над својот опонент Невзат Бејта. Во изјава за медиумите тој информира дека останува на позицијата и дека во Гостивар нема да има гласање на 31 октомври.
„Поминуваме во првиот круг. ДУИ се обидува да прави проблеми со записниците, но имаме 53 отсто гласови од пребројани 98 отсто од вкупниот број избирачи што денеска одлучуваа кој ќе биде градоначалник на Гостивар. Победуваме во првиот круг“,
изјави Таравари.