Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, соопшти дека неговата партија и натаму ќе биде владејачка во општините Сарај, Липково и Пласница, со оглед дека според прелиминарните резултати со кои тие располагаат, нивните кандидати за градоначалници триумфирале уште во првиот изборен круг.
„ДУИ е во предност во речиси сите општини каде што има свои кандидати. Некаде, еве првични информации што ги добивам од Чаир, но сѐ уште не ми се потврдени, се дека односот е 2:1 во корист на ДУИ, со можност таму победата да се прослави уште во првиот круг. Според тоа, можам да кажам дека целиот овој дел од Република Северна Македонија вечерва е веќе обоен во ‘зелено”. Тоа што нема да можеме да го завршиме во првиот круг, ќе гледаме да го потврдиме во вториот круг, а тоа е една сериозна и најголема победа на ДУИ во својата политичка историја“,
изјави Османи на првата прес-конференција на ДУИ по одржувањето на локалните избори.
Османи оцени дека изборите, освен мали технички предизвици кои бргу се решавале, поминале во фер и демократска атмосфера.