Државната изборна комисија информираше дека вкупно 10 653 граѓани денеска го искористиле правото на глас на локалните избори 2021. Портпаролката на ДИК, Љупка Гугутчевска рече дека гласањето на болните, немоќните, лицата со ковид-19, лицата во самоизолација, затворениците и лицата во притвор поминало без проблеми.
„На гласачките места во КПУ своето гласачко право денеска можеа да го остварат 1 899 гласачи. Од податоците кои што ги добивме од Општинските изборни комисии гласаа 1 229. Во однос на гласачкото право на лицата пријавени како болни или немоќни од пријавените 7 907, до овој момент според ОИК-ии гласаа 5 477. Во однос на лицата кои беа пријавени за гласање поради решенија за самоизолација или се наоѓаа во домашен карантин поради Ковид -19, од пријавените досега гласале 304 лица. Гласањето за овие категории на гласачи се уште трае и избирачките одбори ќе работат се додека сите кои се пријавени и се на списоците на ОИК не добијат можност да гласаат“,
рече Гугуческа.
Гугутчевска потсети дека за граѓаните е активен бесплатниот телефонски број 0800 55544 на кој може да се јават и да постават прашање или да остават коментар до ДИК.
Во однос на комунацијата со граѓаните со оштетен слух и говор на денот на изборите активен ќе биде телефонскиот број 076 488 360 на кој преку видео повик ќе можат да постават прашње до ДИК и да добијат одговор на македонски знаковен јазик.