Гласот за помалите партии според лидерот на опозицијата е ситнење на опозицијата и ги нарече проект и експеримент на Заев
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на вечерашниот предизборен митинг во Свети Николе упати повик до разочараните гласачи и тие кои досега ги бојкотирале изборите процеси да излезат и да го дадат својот глас.

Мицкоски до оние кои досега бојкотирале и не го давале гласот за ниедна партија им порачува да не дозволуваат да пропадне нивниот глас.
„Некогаш неодговорната власт не е само последица на лошите особини на челните луѓе и првенците на власта, туку и поради игнорирањето и незаинтересираноста на добрите луѓе да учествуваат во политиката, тоа се луѓето кои одбрале да молчат кога требало да бидат гласни, да викаат“,
рече Мицкоски.
Мицкоски ги повика да излезат за да се уверат дека не се сите исти, дека ВМРО-ДПМНЕ се бори за подобра иднина и против криминалот на Зоран Заев, затоа што останувањето дома не вродува со плод.

Но, тој повика да не се гласа за помалите партии, бидејќи како што рече, тоа е глас за Зоран Заев, и така се ситни опозицијата.
„Немам дилема дека тоа е повторно проект на Зоран Заев да направи делење на опозицијата со една цел, да остане уште некој месец повеќе за да може да крадат пусти пари и да останат на власт“,
рече Мицкоски.