Претседателот на СДСМ Зоран Заев пред граѓаните истакна дека доказ за тоа се бројните инвестиции во Шуто Оризари
СДСМ денеска го промовира кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари Ферат Асан и носителката на листата за советници Нежмие Саитова.
Претседателот на СДСМ Зоран Заев пред граѓаните истакна дека за СДСМ нема важна и неважна општина, а доказ за тоа се бројните инвестиции во Шуто Оризари.

„Овозможивме целосна вклученост на сите граѓаните во општеството. И со тоа покажавме дека се грижиме за сите. Ги враќаме парите кај граѓаните, помагаме на социјално загрозените граѓани преку социјалната помош од државата – но и извлекуваме од сиромаштија. Социјалната помош ја зголемивме за 300 проценти. Ја вративме евтината тарифа на струјата, ја укинавме радиодифузната такса и го намаливме ДДВ-то за парно. За три пати се зголемени минималната и просечната плата. Воведовме социјалана пензија за граѓаните кои немаат никаква пензија. Имаме рекордно ниска невработеност денес – од независноста на државата! Со сето ова ги обезбедивме сите предуслови да осигураме европскиот квалитет на живот во општините“,
истакна Заев.