Тој посочи дека како што се развива државата, како што се развиваат општините, така ќе се насочуваат кон унапредување на енергетскиот сектор, ориентирајќи се кон обновливите извори на енергија
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз Зоран Заев денеска од општина Маврово Ростуше порача дека зелената агенда е во пол ек и останува приоритет на Владата предводена од СДСМ и коалицијата.

„Токму тука во Маврово Ростуша ќе инвестираме во поставување канализациска мрежа со пречистителна станица во Маврови Анови. Така се работи домаќински и одговорно. Во следниот период целиот фокус го насочуваме за да ја заштитиме оваа прекрасна природа која привлекува илјадници домашни и странски туристи во текот на целата година. На Маврово Ростуша му треба континуитет на добрите политики и проекти”,
рече Заев.

Тој посочи дека како што се развива државата, како што се развиваат општините, така ќе се насочуваат кон унапредување на енергетскиот сектор, ориентирајќи се кон обновливите извори на енергија.