Кандидатот за градоначалник на Скопје, поддржан од Левица, Петар Георгиевски – Камиказа, во вечерашното соочување на „360 степени“ со останатите кандидати за градоначалник на гланвиот град зборувајќи на тема урбанизација рече дека доколку победи, ќе ги заврши сите започнати проекти.
„Ќе ги завршиме сите проекти. Нема да рушиме и да фрламе пари за џабе. Шилегов ниту сруши нешто ниту направи, туку сега на крај на мандат руши брод колку да фрли магла во очите на граѓаните“,
рече Георгиевски.
Тој наброи неколку проекти кои рече дека и актуелната и поранешната власт ги започнале, а сега само го попречуваат движењето на граѓаните.
„ВМРО-ДПМНЕ направи еден пат до Сончев град и тоа никогаш не профункционира, а сега е заградено со барикади и не личи на ништо. Не може да се помине ниту со велосипед. Второ се гради мост кој не води никаде, а со месеци е забрането да се поминува таму и луѓето не можат ниту да спортуваат, ниту да трчаат таму. Слбодно може да отворите гугл-мапа и ќе видите дека натаму нема ништо. Трето, Луна паркот и други останати работи кои можат лесно да се направат, Универзалната сала, која Шилегов ја почна и за тоа му требаа четири години…Ние започнатите проекти ќе ги завршиме“,
додаде тој.
Најави дека ќе гради трим-патека која ќе биде урбанистичко решение за полесно движење на граѓаните низ градот.