Новото издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (8 октомври 2021 г.) од 21:20 часот на ТВ Алсат
Во вечерашната емисија на „360 степени“ ќе се соочат кандидати за градоначалници на Град Скопје.

Гостуваат шестмина кандидати: кандидатот на СДСМ и актуелен градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, Ана Петровска од граѓанската коалиција „Зелен хуман град“, Петар Георгиевски – Камиказа, кандидат на Левица, Александар Тортевски од Твоја партија и Арбен Бени Шаќири од Коалицијата „Одлучно за промени“ (ДОМ и ЛДП).
Пред почетокот на емисијата, чие снимање е во тек, со ждрепка беше одреден редоследот по кој кандидатите за градоначалник ќе одговараат на прашања и ќе ја претстават изборната програма.

Емисијата почнува во 21:20 часот на ТВ Алсат.