Одлика на СДСМ е дека бандити владеат со партијата. Разликата е во тоа што во СДСМ се тие малкумина кои се збогатиле во време на транзицијата, додека другите се во ВМРО-ДПМНЕ, рече потпретседателот на опозициската партија во Зелениково
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски повторно упати апел до избирачите да не гласаат за помалите партии, затоа што, како што рече, тоа се гласови за СДСМ.
„Секој глас за помалите политички партии е всушност глас за Зоран Заев и за СДСМ“,
рече Николоски, на предизборен собир во Зелениково, повикувајќи ги жителите од оваа општина да гласаат за кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Николоски, исто така, посочи разлики меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
„Одлика на СДСМ е дека бандити владеат со партијата. Тоа е клучна разлика помеѓу нас и СДСМ. Разликата е тоа што во СДСМ се тие малкумина кои се збогатиле во време на транзицијата, додека другите се во ВМРО-ДПМНЕ.
оцени Николоски.
Сакам да ја објаснам клучната разлика помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Често луѓе знаат да ме прашат кој ќе ги гласа овие, имајќи во предвид дека сите знаеме дека се бандити, национални предавници, дека десната на левата рака не и верува и дека мислат само на сопствениот интерес. Од прилика тие кои го гласаат СДСМ се фамилиите, семејствата што ја покрадоа Македонија во 1990 -тите, во годините кога 300 000 луѓе останаа без работа, во кога се затворија фабриките и земјоделските комбинати и кога малкумина се збогатија, Тие нивните деца и внуци гласаат за СДСМ, сите други сме во ВМРО-ДПМНЕ и затоа сме апсолутно мнозинство и затоа убедливо ќе ги победиме на овие избори“,