Наим Синани, кандидатот за градоначалник на Арачиново од редовите на Алијанса за Албанците на митингот во Арачиново нагласи дека од местото каде што се одржува денешниот собир, на неколку метри е каналот што мириса и не им дозволува луѓето да си седат во нивните дворови
Алијансата за Албанците денеска на партиска трибина во Арачиново ветија дека доколку граѓаните им ја дадат довербата на претстојните локални избори, тие ќе им ги средат прво основните потреби и повеќе нема ветувањата со години да стојат во фиоки.
Наим Синани, кандидатот за градоначалник на Арачиново од редовите на Алијанса за Албанците на митингот во Арачиново нагласи дека од местото каде што се одржува денешниот собир, на неколку метри е каналот што мириса и не им дозволува луѓето да си седат во нивните дворови.
„Затоа, ова прашање бара итно решение што го ветија пред четири години, но остана во фиоките, или можеби дури и не е означено на хартија. Тие дојдоа пред вас само за да ги добијат вашите гласови, како што тие секогаш знаат да направат и мислат само да бидат удобни на фотелјата. Сега тие доаѓаат овде само со бекатонка за да се фотографираат со вас, но Арачиновци не подлегнуваат. Дозволете им да го асфалтират патот, бидејќи тоа е нивна должност. Вие не сте должни на никого, додека тој ја извршува својата задача за што е должен“,
рече Синани.
Лидерот на партијата, Зијадин Села, пред арачиновци обвините дека премиерот, Зоран Заев, не ги третира подеднакво сите граѓани, туку ги штити само своите партиски функционери. Села коментирајќи ја одлуката на Заев да не ги прифати оставките на министерот и заменик-министерот за здравство, рече дека премиерот сака вината за трагедијата во Тетово да ја префрли на медицинскиот персонал и да го спаси својот министер.
„Па, за него Филипче е поважен од утехата што треба да ја имаат семејствата на 14-те жртви живи запалени, а тој излегува и ни кажува денеска дека ниту министерот за здравство, ниту заменик-министерот, ниту директорот, ниту градоначалничката на Општина Тетово, имаат каква било одговорност. И знаете каде ќе бара одговорноста овој валкан човек. Ќе се обидува да ја бара кај оние што со месо и душа се обидуваат да им помогнат на пациентите, на медицинскиот персонал во Тетово кои немаат никаква вина“,
рече Села меѓудругото.