Лидерот на Алијанса за Албанците од Врапчиште, каде го промовираше канидатот за градоначалник, ја обвини власта дека создала реќим полош од оној кој го соборила
Лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села ја обвини власта дека создала режим полош од оној што го урнала.
„Ќе му покажеме на тој премиер кој дојде во име на желбата за правда, во име на владеењето на правото и правната држава, во име на борбата против корупцијата, во име на соборување на режимот, а го изгради истиот режим и уште полош. Го гледате овој премиер секоја вечер, не поминува недела кога не се обидува да прикрие некој скандал, овој премиер ќе мора да знае дека денес има илјадници Албанци кои не го уживаат правото да учат на својот јазик, и јас кога го кажува, ова не е национализам, туку тоа е заштита на основните човекови права без оглед на етничката припадност. Тој што го забранува ова, е националист“,
рече Села на предизборниот собир во Врапчиште.
Тој потсети на ветувањата на премиерот Заев за Врапчиште – дека ќе го изгради мостот во Лока кој како што рече се уште не е изграден, како и тоа дека децата во Блаце секојдневно ја минуваат границата за да одат на училиште.
„И ова што го кажувам е во име на правата и слободата. Овој премиер стана толку гласен во обвинувањето за нас, а дали знаете што му е маката? Тој се грижи затоа што заедно со неговиот партнер Али ќе ги загубат овие локални избори од Струга до Липково, и во Скопје и секаде, а во декември повеќе нема да биде премиер бидејќи ќе има нова влада, што ќе биде во рацете на албанските политички субјекти што се грижат за Албанците каде и да се“,
изјави Села во Врапчиште каде го промовира кандидатот за градоначалник Исен Шабани.