Во Демир Капија и Неготино, лидерот на СДСМ ги промовираше кандидатите за градоначалници
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Зоран Заев на средбата со жителите на општина Демир Капија го најави интервентниот план за инвестиции – кој е над 8 милијарди евра.
„Инвеститорите ги носиме во секој град и секое населено место. За нас нема големи и мали општини, важни и неважни. Се определивме за политики на рамномерен регионален развој и тие ќе овозможат луѓето да се определуваат да живеат и работ во родното место, бидејки ќе имаат избор, ќе имаат шанса да работат”,
рече Заев.
Заев додаде дека ќе се утврдуваат заедничките потребите на граѓаните во одреден реон, маало или населба – и, општината ќе нуди субвенции, за да се отворат нови локално дефицитарни бизниси и додаде дека тоа ќе отвори нови работни место и ќе биде добро за граѓаните кои за своите потреби ќе може да се обратат во родното место, а не да се прават трошоци по други градови.

Тој низ бројки се осврна на реализираните проекти во минатите 4 години и закллучи дека како никогаш порано се инвестирало во општините и тоа со рамномерна грижа за сите општини, за секој регион, со опфат на сите жители и така ќе продолжат и во следните години.
Во Демир Капија, Заев го промовираше кандидатот за градоначалник Лазар Петров.

Потоа на предизборниот собир во Неготино, говореше и на собирот на кој беше претставен кандидатот за градоначалник Тони Делков.

Вечерва карванот на СДСМ беше и во Кавадарци каде беше промовиран кандидатот за градоначалник Горан Тодоров.

„Кавадарци е сведок дека државата рамномерно инвестираше во својот народ без разлика кој ја води општината, државата е тука да им помага на општините, да им помага на граѓаните, тоа го правиме постојано и ќе продолжиме да го правиме и во следниот период. Со Тодоров и советниците заедно ќе донесеме гасификација на Кавадарци и регионален откупен центар, а на младите ќе им помогнеме да отворат свој бизнис, преку старт-ап центрите“,
рече Заев.