Германската изборна комисија ги објави првите изборни резултати кои се базираат на преброени гласачки ливчиња од 41 од вкупно 299 изборни единици
И врз основа на овие резултати, но и на проекциите од излезните анкети, ниту една партија не освои мнозинство за да може да формира влада, поради што ќе следат комбинаторики за коалиции
Кои се победници, а кои губитници на овие избори?
Германската изборна комисија ги објави првите изборни резултати, според кои СПД освои 23% од гласовите, додека ЦДУ/ЦСУ околу 20.
Ова се податоци од преброени гласачки ливчиња во 41 од 299 изборни единици, а ситуацијата, како што објавуваат германските медиуми, не е добра за ЦДУ и сестринската баварска партија ЦСУ.

Податоците за растот на СПД за околу 3% во однос на изборите пред четири години и за падот на ЦДУ и ЦСУ, секој по 4%, се фрапантни.
Другите партии се рангирани речиси како и во излезните анкети. Зелените во моментов се близу 13%, ФДП околу 10%, АФД нешто помалку од 10%, а Левица засега не е до прагот од 5 отсто отребен за влез во Бундестагот.
Какви се проекциите?
Според најновите проекции на АРД, распределбата на моќта во Бундестагот изгледа вака:
JUST IN: It’s unclear if Die Linke will be in the next German parliament. The latest projected results have the democratic socialist political party below the 5% threshold required to join parliament, while the SPD maintain their lead over the CDU/CSU: pic.twitter.com/1P1nNtPX0x
— DW News (@dwnews) September 26, 2021
Постизборна телевизиска дебата
Мора да се направи сѐ за да завршиме пред Божик, изјави вечерва кандидатот на СПД за канцелар, Олаф Шолц, на традиционалната телевизиска дебата на партиите-учеснички на изборите. Тој додаде дека дури би било добро и доколку со преговори се заврши „малку пред тоа“.

Како што објави Дојче веле, на исто мислење е и кандидатот за канцелар од редовите на ЦДУ/ЦСУ, Армин Лашет. Тој е против долги разговори пред коалициските преговори.
„Мислам дека за такво нешто немаме време“,
рече шефот на ЦДУ.
Тој укажа дека Германија наредната година го има претседателството со групата на најразвиени индустриски држави Г7. Меѓу другото и поради тоа би морало новата влада да биде назначена брзо и да има завршница на коалициските преговори „во секој случај пред Божик“.
Парламентарните избори во Германија, според прогнозите, донесоа мртва трка на СПД и Унијата, со мала предност на Социјалдемократите. За идејата за голема коалиција на двете партии, Лашет во дебата на партиските лидери вечерва рече дека тој модел, според него, не е модел „за иднината“.

Оттука, предвид доаѓаат коалиции на Зелените и ФДП, но и на СПД со Зелените и ФДП. Шефот на либералите, Кристијан Линднер, во т.н. „Берлинска рунда“, која традиционално се одржува по сојузни парламентарни избори во земјата на телевизиите АРД и ЗДФ, уште еднаш предложи Зелените и ФДП „прво да разговараат меѓусебно и да видат дали има заедничка основа“.

Кандидатката на Зелените за канцеларка, Аналена Бербок, покажа во основа отвореност за разговори со ФДП.
„Преговорите за нова влада не може да бидат онакви какви што беа претходните. Нема партија која е во јасно водство, па јасно е дека претходно ќе се водат разговори и со други“,
рече таа.
Можни комбинации за владина коалиција
Доколку повторно не се формира големата црно-црвена коалиција на ЦДУ и СПД, што двете партии во моментов ја отфрлаат, постојат три коалиции чие формирање е најверојатно за аналитичарите.
Првата е таканаречената „семафор“ коалиција на СПД, Зелените и либералите, во која главна пречка е што либералите сепак преферираат да дојдат на власт со идеолошки поблиски демохристијани.
Коалицијата што многумина ја сметаат за најголема шанса на Армин Лашет да ја добие функцијата канцелар е сојуз со Зелените и либералите. За оваа коалиција, која колоквијално го носи прекарот „Јамајка“ поради боите црно-зелено-жолта, најголема пречка е јазот што постои меѓу демохристијаните и Зелените во однос на буџетската и финансиската политика.
Конечно, црвено-зелено-црвената коалиција на СПД, Зелените и левичарската Левичарска партија доаѓа во предвид, но најголемата пречка за тоа е сериозна разлика во гледиштето за германската надворешна политика, бидејќи Левицата, која за многумина во Германија е екстремна левица, бара завршување на сите германски воени мисии во странство и распуштање на НАТО.
Додека се чека конечниот распоред на силите во Бундестагот, врз основа на досегашните резултати може да се заклучат неколку работ:. Кои се победници, а кои губитници?
Победници
СПД – Враќање на отпишаните
На почетокот на годината, СПД и Олаф Шолц беа речиси на маргините. До јуни годинава, оваа партија имаше поддршка од 15 до 16 проценти меѓу гласачите, и затоа речиси никој сериозно не размислуваше за Шолц како канцелар во тоа време. Меѓутоа, од јуни, Шолц успеа да ја подигне СПД, прво, на 17 проценти, а потоа и на 25 проценти.
Со оглед на фактот дека мислењето за СПД не беше особено добро и дека честопати се перцепираше како партија од минатото, затоа резултатот на Олаф Шолц е уште поголем.

Мудро ја искористи позицијата министер за финансии во владата предводена од канцеларката во заминување Меркел и успеа да си ги припише успесите на таа влада – токму она што требаше да го направи Армин Лашет, како прв човек на партијата на Меркел. Исто така, за разлика од Лашет, тој направи помалку грешки за време на кампањата.
Зелените – Никој не може без нив
Меѓутоа, повеќе од Шолц, Зелените имаат причина да бидат среќни, бидејќи без нив нема влада.

Без разлика дали ќе изберат да формираат мнозинство со ЦДУ или СПД, Зелените се партијата без која ќе биде речиси невозможно да се формира ново мнозинство. Единствената опција во која Зелените би можеле да отпаднат од играта е онаа што изгледа најмалку веројатна – повторно да се формира големата коалиција ЦДУ-СПД. Иако таквата влада не е непозната за Германија, таа главно се формира во случај на вонредна состојба, а Зелените се во удобна ситуација да можат да преговараат од двете страни.
И СПД и ЦДУ најавија дека се подготвени да соработуваат со нив, така што сега останува на Аналена Бербок и нејзините соработници да изберат дали ќе застанат на страната на Шолц или на Лашет.
Иако Зелените во одреден момент од изборната кампања го имаа првото место во анкетите со резултат од 25 проценти, на овие избори се очекува да имаат резултат од 15 проценти. Можеби изгледа како пад, но во исто време тоа е најдобриот резултат што Зелените го постигнале на избори. Исто така, тоа е голем скок во однос на резултатот што го направија на последните избори – дури пет проценти повеќе.
ФДП – Нова шанса за владата
ФДП и нивниот лидер Кристијан Линднер, исто така, можат да бидат задоволни, иако резултатот што го направија е речиси ист со оној што го имаа во 2017 година. ФДП сега е во удобна позиција да преговара и со двајцата и да обезбеди место во владата, освен ако Линднер не го стори истото како и по изборите во 2017 година – тој се повлекува сам од преговорите.

Тој претходно објави дека ја сака функцијата министер за финансии во новата влада.
Губитници
ЦДУ – Најлош резултат на федерално ниво
Партијата на Ангела Меркел може да сме смета за една од губитниците бидејќи, според проекциите, освои 8,2 проценти помалку отколку на претходните избори во 2017 година. ЦДУ, пак, забележа подобар резултат отколку што предвидуваа анкетите. Во пресрет на изборите на анкетите, на партијата на Меркел ѝ даваа помеѓу 20 и 22 проценти.

Меѓутоа, иако Армин Лашет вечерва изјави дека ќе стори сé за да формира нова влада, се чини дека има мали шанси за тоа. ЦДУ не може ни да помисли да формира мнозинство без Зелените, но Зелените не им се доволни.Ќе им треба ФДП, бидејќи немаат доволно гласови, или повторно ќе треба да се обратат до СПД, што може да значи дека треба да се откажат од функцијата канцелар.
Како тоа да не беше доволно, па Лашет направи неколку гафови – од тоа кога камерата го фати како се смее зад грбот на претседателот Штајнмаер додека ги обиколуваа поплавените области, до денешната „несреќа“ со гласачкото ливче.
Левица – дали воопшто ќе влезе во Бундестагот?
Левица секако е на листата на губитници дали конечниот резултат покажува дека успеале да освојат пет проценти потребни за влез во Бундестагот.
Имено, оваа партија, која имаше слична улога во предизборната математика како ФДП-како трета партија што може да овозможи мнозинство во комбинација на СПД-Зелени или ЦДУ-Зелените-повеќе го нема тој луксуз.
Ако нивниот изборен резултат е пет проценти, Левица ќе влезе во Бундестагот, каде што најверојатно ќе имаат 40 места. Меѓутоа, со оглед на бројот на пратеници од други партии за преговори, бројот на пратениците Левица нема да биде доволен за формирање влада.

Во предизборните анкети, Левица беше само малку подобра – шест проценти – но ако напредуваа толку многу, не само што сега ќе беа дел од Бундестагот, туку можеа да сметаат дека тие се уште ќе беа во игра за владата со СПД и Зелените.
Патем, оваа партија е губитник по друг критериум. На последните избори во 2017 година, тие освоија речиси двојно повеќе гласови од сега – 9,2 проценти.