Командирот на противпожарната единица, Владимир Симоновски, информира дека пожарот што вечерва избувна во објект во центарот на Скопје е изгаснат.
Пожарот се случил нешто по 21 часот вечерва во објект кој е лоциран на Адвокатската улица во центарот на Скопје. Станува збор за напуштена куќа која се наоѓа позади ресторанот „Стара куќа“.
Територијалната противпожарна единица на Град Скопје интервенираше со три противпожарни возила и со уште едно возило за дотур на вода.
„Во 21:18 часот е примена дојава за запалена куќа на Адвокатска улица позади ресторанот ‘Стара куќа’. По самата дојава пристигнато е со три возила и уште едно дополнително возило за дотур на вода. Пожарот е локализиран за краток период, куќата е напуштена и во неа не живеел никој“,
изјави вечерва командирот на ТТПЕ, Владимир Симоновски.