Пожарот е изгаснат, а точниот број на лица што го загубиле животот, на повредени и нивната состојба се утврдува моментно, информираа од МЗ
Има жртви во пожарот во тетовскиот ковид-центар, потврдија од Министерството за здравство, од каде што информираат дека моментно се утврдува точниот број на лица што го загубиле животот, на повредените и нивната состојба. Од МЗ информираа дека пожарот е изгаснат и дека дел од повредените се пренесуваат во Скопје.
„Министерството за здравство информира дека вечерва страотна несреќа се случи во Тетово, каде што има и жртви во пожарот кој го зафати ковид-центарот. Точниот број на лица кои го загубиле животот, повредените и нивната состојба се утврдува во моментов. Пожарот е веќе изгаснат и сите тимови од болницата се мобилизирани да дадат помош на повредените. Тие итно се транспортираат во Скопје за да им се пружи соодветна нега, тимовите на Клиника се мобилизирани. Министерот за здравство д-р Венко Филипче е во Тетово. По завршениот увид ќе ја информираме јавноста за фактичката состојба“,
соопштија од Министерството за здравство.