Околу 21 часот вечерва избувна пожар во модуларната болница во Тетово.
Во моментов на терен се противпожарни екипи, но, како што јавува дописникот на МИА, во гаснењето на пожарот и во евакуирањето на пациентите помага и болничкиот персонал. Вклучени се и голем број граѓани.
Засега сè уште не е позната причината за пожарот, ниту има потврда за жртви.
