Словенија може да влезе во „црвената“ фаза на епидемијата уште на крајот на овој месец
Словенија оваа зима ќе се соочи со „катастрофална“ здравствена состојба со сегашниот развој на епидемијата, доколку стапката на вакцинација не се зголеми, изјави директорот на Институтот за јавно здравје, Милан Крек.
Како што објави агенцијата Хина, Словенија може да влезе во „црвената“ фаза на епидемијата уште на крајот на овој месец.
„Ако односот кон вакцинацијата не се смени во ноември, може да има до 2 000 лица со ковид во болниците, па затоа е неопходно да се вакцинираат што е можно повеќе луѓе, бидејќи сегашните 40,7 проценти од вакцинираните не се доволни за да се спреч поагресивниот делта сој на вирусот“,
рече Крек.
Словенечката Влада денеска објави дека во последните 24 часа се потврдени 385 заразени со коронавирус, што е најголем број за еден ден од 25 мај, а тројца пациенти починале.
Се зголемува и бројот на хоспитализирани – денеска имало 57, како и инциденцата од 14 дена, што изнесува 121,4.
Владата и епидемиолозите продолжуваат да предупредуваат дека е потребна поголема вакцинација за да се избегне потешко сценарио за развој на епидемијата во текот на зимата, особено вакцинација на ранливите групи и постарата популација.
Досега, 40,7 проценти од вкупното население е целосно вакцинирано, соопшти Владата.
Дури и со вакци бројки, Словенија не е најлоша во регионот, каде секаде има пораст на бројот на заразени.