Циркулацијата на делта варијантата на коронавирусот во области со низок опфат на вакцинација го поттикнува ширењето на ковид-19 низ целиот свет, соопштија денеска претставници на Светската здравствена организација (СЗО).
„Во многу места во светот каде што има сè повеќе заразени со делта варијантата на коронавирусот, дури и во земји кои имаат високо ниво на вакцинација на национално ниво, делта сојот навистина циркулира и се шири во области со мала покриеност со вакцини и постои многу ограничена и неконзистентна имплементација на јавните здравствени и социјални мерки“,
изјави епидемиологот на СЗО, Марија Ван Керхове, на онлајн прес -конференција.
Според главниот научник на СЗО, Сума Сваминатан, „вакцините без сомнение спречуваат зголемување на бројот на тешки и смртни случаи како последица на делта варијантата на коронавирусот“.
СЗО смета дека најранливите луѓе насекаде во светот треба прво целосно да се вакцинираат, а дури потоа во богатите земји треба да се започне со довакцинација на граѓаните.