Актуелните податоци не покажуваат има потреба од трета доза на вакцината против коронавирус, изјави денеска водечкиот научник на Светската здравствена организација, Сумја Саминанатан.
Говорејќи за третата или таканаречена „засилувачка“ доза, која веќе се дава во богатите земји, советникот на СЗО, Брус Ајлвард, на прес-конференција во Женева рече дека има доволно вакцини во светот, но дека тие не се рамномерно распределени, пренесува Ројтерс.
Тој рече дека прво треба да им се дадат две дози на најранливите групи ширум светот, а дури потоа трета доза на оние што веќе се вакцинирани со две.
„Но, ние сме уште далеку од тоа“,
рече Алвард.
Претходно денеска од „Фајзер“, пак, рекоа дека во новата студија што ја направиле резултатите покажуваат дека третата доза е поефикасна против делта-сојот на коронавирусот.
Делта-сојот се шири во области каде што нивото на вакцинација е ниско
Циркулацијата на делта-сојот на коронавирусот во области каде што стапката на вакцинација е ниска го поттикнува ширењето на вирусот, соопштија денеска претставници на Светската здравствена организација (СЗО).
„На многу места низ светот бројот на заразени со делта-сојот на вирусот расте, дури и во земји кои имаат високо ниво на покривање на вакцинацијата на национално ниво“,
рече епидемиологот Марија ван Керхов на прес-конференцијата.
Таа додаде дека делта-сојот на коронавирусот циркулира во области каде што стапката на вакцинација е ниска и каде што мерките против коронавирусот се спроведуваат неконзистентно.
Водечкиот научник на СЗО, Сумија Сваминанатан, рече дека вакцините го спречуваат појавувањето на потешки форми на болести и смрт предизвикани од делта-сојот на коронавирусот.