Видеата го шокираа целиот свет и го покажаа вистинскиот очај на авганистанските граѓани кои на секој начин се обидуваат да избегаат од талибанците, свесно ризикувајќи ги своите животи
На социјалните мрежи со денови кружат драматични снимки од евакуацијата од аеродромот во Кабул. Видеата го шокираа целиот свет и го покажаа вистинскиот очај на авганистанските граѓани кои на секој начин се обидуваат да избегаат од талибанците, свесно ризикувајќи ги своите животи.
Сега се појави нова снимка, на која е покажано како млад човек се качил на тркалото на американски авион, и сето тоа го снимил оттаму со својот мобилен телефон.
На видеото се гледаат и неколку други луѓе до него. Не е познато што се случило на крајот со човекот што го снимил ова видео.
Британски „Сан“ подоцна објави дека екипажот на американскиот авион пронашол безживотно тело во еден дел од авионот.
Footage showing Afghans clinging on to C-17 at Kabul Airport yesterday.#KabulHasFallen #kabulairport pic.twitter.com/boArvmRVbN
— Hashtag Elyoum (@Hashtagelyoum) August 17, 2021