Не е посочено во кој град е направена снимката, но поради новонастанатата ситуација, се претпоставува дека е од понов датум
На социјалните мрежи се појавија голем број видеа од Авганистан, кои потпаднаа под власта на Талибанците. Тие полека ја воспоставуваат својата моќ, а нивните влегувања до различни институции и места се овековечени во видеата што се споделуваат на социјалните мрежи.
По видеото на Талибанците во фитнес-салата во американската база, се појави и видео од Талибанците во забавен парк.
Не е посочено во кој град е направена снимката, но поради новонастанатата ситуација, се претпоставува дека е од понов датум.
На снимката се гледа како Талибанците седат на коњчиња во забавниот парк додека карузелот се врти. Некои станаа додека возеа и се преселија на друго место.
Ова видео на Твитер привлече голем број коментари дека новата ситуација ќе биде културен шок за многумина.
It seems all they wanted was free rides at the theme park #Taliban pic.twitter.com/qh00uk96UK
— Shakib Noori (@shakibnoori) August 16, 2021