Од денеска до 27 август е забранет сообраќајот меѓу провинциите
Многу продавници во Техеран се затворени денеска, додека сообраќајот е невообичаено намален, бидејќи од денеска во сила се новите мерки против коронавирусот, откако во изминатите 24 часа се регистрирани повеќе од 41.000 заразени и 665 починати.
Иран, кој има 83 милиони жители, е најтешко погоден од епидемијата на коронавирусот во регионот. Повеќе од 98.000 луѓе починаа досега, а речиси 4,5 милиони се заразени во земјата од почетокот на епидемијата.
Техеран се соочува со зголемување на бројот на заразени од јуни. Банките, продавниците со секундарна стока, како и другите услужни дејности нема да работат во главниот град и неговата околина до сабота.
Сообраќајот во Техеран и меѓу провинциите е забранет до 27 август.
Властите, од друга страна, се обидуваат да ја забрзаат кампањата за вакцинација, која започна во февруари. Во Иран, прва доза вакцина примија повеќе од 15 милиони луѓе.
Иран, кој има 83 милиони жители, е најпогоден од епидемијата на коронавирус во регионот. Повеќе од 98,000 луѓе починаа, а речиси 4,5 милиони се заразени во земјата од почетокот на епидемијата.
Техеран се соочува со зголемување на бројот на заразени од јуни. Банките, продавниците со секундарна стока, како и другите услужни дејности нема да работат во главниот град и неговата околина до сабота.
Сообраќајот во Техеран и меѓу провинциите е забранет до 27 август.
Властите, од друга страна, се обидуваат да ја забрзаат кампањата за вакцинација, која започна во февруари. Во Иран, повеќе од 15 милиони луѓе ја примија првата доза на вакцината против коронавирус.