Црна Гора веќе неколку дена се бори со пожарите во земјата, а како најсериозни се посочуваат оние во кањонот Тара и кај Цетиње.
Теренот на кој се појавил пожарот кај кањонот Тара е крајно недостапен, изобилува со суви дрва изгорени во претходните пожари, кои се лесно запаливи, пренесува РТЦГ.
Командантот на црногорската Служба за заштита и спасување, Горан Чавиќ, вели дека едниот се шири спротиводно кон селото Заглавак, а другиот низводно кон селото Засада.

Според наводите, пожарникарите се на врвовите на планината Бунетина, каде што биле спуштени со помош на хеликоптер.
„Пожарот се развива во два правци, низводно и спротиводно по Кањонот Тара. Теренот е тешко достапен, хеликоптерите гаснеа денес, ќе видиме какви ќе бидат ефектите”,
рече Чавиќ.
Има неколку активни пожари и на подрачјето на Цетиње, а покрај пожарникарите од Цетиње, и колегите од други црногорски општини се вклучени се вклучени во гаснењето. Учествуваат два воени хеликоптера и локалната Дирекција за заштита и спасување.
Шефот на Службата за заштита и спасување, Милош Ќеќановиќ, посочува дека ветрот и непристапниот терен им ја отежнуваат работата на пожарникарите.
“Многу куќи се загрозени. Сите тимови се на терен 24 часа на ден. Ќе сториме сѐ што е во наша можност за да спречиме понатамошно ширење на пожарот“,
додаде Ќеќановиќ.
Тој вели дека се сомнева дека некои пожари се подметнати бидејќи се случувало да го изгаснале пожарот, а по некое време жители да ги повикаат да ги известат дека повторно гори на истото место.
