Велика Британија има строги правила за контрола на огненото оружје и е со најниска стапки на убиства во светот. Последното масовно пукање во земјата се случи пред повеќе од една деценија
Дваесет и двегодишниот Џејк Дејвисон кој уби пет лица во Плимут и изврши самоубиство, имал дозвола за оружје, соопшти британската полиција, истакнувајќи дека нападот не е поврзан со тероризам или екстремно десничарски организации.
Според очевидци на нападот, напаѓачот користел пушка за која засега не се знае дали е оружјето за кое Дејвисон поседувал дозвола. Тој дозволата за да поседува оружје да добил минатата година.
Велика Британија има строги правила за контрола на огненото оружје и е со најниска стапки на убиства во светот. Последното масовно пукање во земјата се случи пред повеќе од една деценија.
Дејвисон уби девојче, две жени и двајца мажи, соопшти полицијата. Првично, дел од британските медиуми објавивја дека тој бил ликвидиран од полицијата, но сега информациите се дека тој извршил самоубиство по нападот.
Мотивите за нападот сè уште се истражуваат, но злосторството, како што наведе полицијата, не е поврзано со тероризам, ниту со екстремно десничарски организации.
Претходно масовно убиство во Велика Британија се случи во северозападниот дел на земјата во 2010 година, кога таксист уби 12 луѓе, пред да изврши самоубиство.