Целосно вакцинирано е 69,9% од населението во Република Кипар, додека пак 76,3% примиле најмалку една доза, според последните податоци од Министерството за здравство.
Генералната директорка во Министерството за здравство на Кипар, Христина Јанаки, рече дека е реална целта, до крајот на август да стигнат до 81% вакцинирани. Од почетокот на пандемијата во земјата се регистрирани 107 887 случаи на ковид-19, а починаа 454 лица.
Заклучно со вчера, хоспитализирани се 276 пациенти, од кои 84,43% се невакцинирани, а 95 во сериозна состојба.