Шест лица се убиени синоќа во напад во англискиот град Плимут. Меѓу мртвите е и напаѓачот што подоцна го ликвидирала полицијата.
Според британските медиуми, напаѓачот убил две женски лица и три машки, од кои едното е дете помало од 10 години.
Пратеникот од Плимут, Џони Мерсер, на својот профил на Твитер објави дека ова не е терористички напад, но додаде дека станува збор за „сериозен и трагичен“ инцидент и од граѓаните побара да ги слушаат упатствата на полицијата.
Би-би-си јавува дека полицијата побарала од граѓаните да останат во своите домови.
Весникот „Плимаут Хералд“ информира дека над градот биле забележани повеќе хеликоптери за брза помош, а многу амбулантни возила и уште повеќе полицајци на улиците. Неколку улици низ градот биле затворени за сообраќај.
„Полицијата е повикана во врска со сериозен инцидент со пукање во Бидик Драјв, во областа Кехам, во Плимут, околу 18 часот и 10 минути“,
соопшти полицијата, пренесе „Индипендент“.