Во последните 24 часа од коронавирусот во Кина починале 73 лица, со што вкупниот број на жртви од заразата сега се зголеми на 563, соопшти денеска кинеската Национална здравствена комисија.
Комисијата објави дека се регистрирани уште 3.694 нови случаи на болеста, со што бројот на заразени со вирусот изнесува вкупно 28.018 лица, пренесуваат британските медиуми.
Меѓу заразените е и бебе родено на 2 февруари во Вухан, жариштето на вирусот, кај кое е регистрирана зараза 30 часа по раѓањето. Според лекарите, неговата состојба е стабилна.