Најмалку две лица ги загубија животите откако брз воз излета од шини во близина на градот Лоди во Северна Италија.
Железничката несреќа се случи во 5:35 утрото по локално време. Најмалку 30 луѓе се повредени во превртените два вагона. Возот сообраќал на линија Милано-Рим. Сообраќајот меѓу Милано и Болоња е запрен.
Според италијански медиуми, загинале двајцата машиновозачи.