Повеќе светски медиуми почнаа да ги споделуваат видеата објавени во текот на вчерашниот ден на кои може да се види дека кинеските власти почнале да употребуваат дронови за да ги предупредуваат граѓаните за мерките против коронавирусот. На видеото може да се види и слушне како граѓаните се упатуваат да се вратат дома, да стават маска или да ги измијат рацете.
Кинеските власти веќе ги употребуваа дроновите за дезинфекција на одредени подрачја.
Дроновите им послужија и на новинарските екипи за да ја пренесат атмосферата во дел од кинеските градови, како на пример во „градот на духовите“ Вухан, каде и почна епидемијата на коронавирусот.