Но, останува условот патниците да се тестираат пред да влезат во земјата
Северна Македонија, Албанија, Либан и Србија се додадени на жолтата листа на Данска, откако државниот Дански институт за превенција и контрола на заразни болести регистрираше пад на стапката на инфекции со коронавирус во овие држави.
Според соопштението на данското МНР, од 19 јуни, патниците од овие земји можат да влегуваат во Данска без да одат во карантин и без двојни тестирања за ковид-19, пренесе порталот SchengenVisaInfo.com.
Но, за патниците од државите од жолтата листа, сепак, останува условот да се тестираат пред да влезат во земјата.
Овие земји досега беа на портокаловата листа за ризик од ковид-19, , што значеше дека патниците од овие земји, исто така можеа да влегуваат во Данска за несуштински потреби, но мораа да поминат низ самоизолација и тестирања за ковид-19.