На територијата на град Скопје во рамки на засилените сообраќајни контроли вчера полицијата напишала 247 казни, најголем дел се за брзо возење. Според податоците од МВР 106 санкции се однесуваат на возење повеќе од дозволената брзина, 13 се за прекршоци за возачите на мотоцикли, 3 санкции за возачи почетници, 12 санкции за управување без возачка дозвола.
„Изречени се 45 санкции за возење под дејство на алкохол, 10 санкции за управување на технички неисправни и нерегистрирани возила, три санкции за некористење сигурносен појас, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 22 санкции за непрописно паркирање,“
се наведува во соопштението од МВР.
На територија на целата држава напишани се 599 казни за брзо возење. Од нив, 91 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 16 возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина, соопшти МВР.
„Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Скопје – 106, СВР Штип – 99, потоа на територијата на СВР Охрид-71, на автопатот Скопје-Велес и на скопската обиколница – 66 санкции, на територијата на СВР Тетово – 63“
додаваат од МВР.
Од МВР потсетуваат дека ќе продолжат со зајакнати полициски контроли и апелираат на почитување на сообраќајните правила и прописи.