Има 72 оздравени пациенти, а не се регистрирано нови починати лица
Во последните 24 часа се направени 3 265 тестирања, а регистрирани се 8 нови случаи на ковид-19 од:
Скопје – 3,
Струмица – 2,
Куманово, Велес и Кичево – по 1.
Регистрирани се 72 оздравени пациенти.
Не се регистрирани нови починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 854 673 тестирања на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155 624, бројката на оздравени пациенти е 149 862, на починати е 5 475, а бројот на активни случаи изнесува 287.