Во акцијата на полицијата во Подградец е запленета помала количина дрога
Полицијата од албанскиот град Поградец спречила шверц на марихуана од Албанија во Северна Македонија преку Охридското Езеро.
Како што јави МИА, запленета е дрога во помала колична, упасен е Адриан Папајани (35) од селото Худениш, а се трага по неговиот брат Фатјон Папајани (29).
„Истражните дејствија покажаа дека двајцата браќа, во соработка, вршеле илегална активност на трговија со дрога од Албанија кон Северна Македонија, преку Охридско Езеро. Благодарение на добро организираната акција, спречен е шверц на помала количина марихуана. Како материјален доказ запленти се чамец, два мотора ‘јамаха’, две електронски ваги“,
соопшти полицијата.
Се додава дека, во соработка со македонската полиција, се работи на откривање и изведување пред лицето на правдата на останатите лица вклучени во оваа нелегална активност.