Според весникот „Асахи“, сите спортисти од Уганда претходно биле вакцинирани со „Астра Зенека“ и имале негативни ПЦР тестови пред да се качат на авион
Член на олимпискиот боксерскиот тим на Уганда е позитивен на ковид-19, како што е утврдено во рамки на задолжителните проверки на сите спортисти кои допатуваа во Токио.
Девет боксери од Уганда, тренери и официјални лица вчера пристигнаа на аеродромот „Нарита“ во Токио. Тоа е втора странска репрезентација што допатува во Јапонија на Летните олимписките игри, по австралискиот женски тим во софтбол. Австралијките се во Јапонија од 1 јуни и досега имаа негативни тестови.
Но, спортистот од Уганда, чие име не се открива, ја донесе инфекцијата на Олимписките игри. По два позитивни резултати, тој е изолиран.
Според весникот „Асахи“, сите девет спортисти од Уганда претходно биле вакцинирани со „Астра Зенека“ и имале негативни ПЦР тестови пред да се качат на авион.
Уганда бележи зголемување на инциденцата на коронавирус во последниот период.
ЛОИ започнуваат на 23 јули.