Затвореник од Старо Нагоричане е пронајден мртов во отвореното одделение во Крива Паланка на затворот „Кшање“.
Како што соопштија од МВР, во полициската станица во Крива Паланка, во 2 и 45 часот, е пријавено дека во затвор „Кшање“, во отвореното одделение, бил пронајден починат затвореникот М.Ј.(58) од с. Старо Нагоричане, Кумановско.
По насока на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.