Откако Ериксен падна на теренот на крајот на првото полувреме меѓу Данска и Финска, следеше драма на реанимирање која траеше повеќе од десет минути, а данскиот репрезентативец потоа беше изнесен на носилки од теренот, опкружен со чаршафи и неговите соиграчи
Ериксен се чувствува добро, свесен и комуницира во болницата. Со него се неговата сопруга и татко му, изјави менаџерот на данскиот фудбалер, Мартин Шутс кој во интервју за радиото НПО 1 ја откри состојбата на данскиот репрезентативец, кој попладнево колабира на теренот за време на натпреварот во Копенхаген во рамки на Европското фудбалски првенство.
Christian Eriksen’s manager Martin Schoots telling NPO Radio 1 that he is talking in hospital.
— Dutch Football ?? (@FootballOranje_) June 12, 2021
His dad and wife are with him.
Откако Ериксен падна на теренот на крајот на првото полувреме меѓу Данска и Финска, следеше драма на реанимирање која траеше повеќе од десет минути, а данскиот репрезентативец потоа беше изнесен на носилки од теренот, опкружен со чаршафи и неговите соиграчи.
Од фотографите на Ројтерс се гледаа дека Ериксен бил буден уште кога го изнесувале од теренот, а потоа УЕФА и Фудбалскиот сојуз на Данска истакнаа дека тој е пренесен во болница.
Играчите на Данска и Финска одлучија да го продолжат натпреварот вечерва. Кога излегуваа на теренот, данските фудбалери беа поздравени со аплауз и од публиката и од финските играчи. Натпреварот заврши со победа на Финска од 1 спрема 0.