„Додека сателитите и алгоритмите го бележат намалувањето на шумската покривка, а насекаде се множат сведоштва на граѓаните за пустошење по планините, во книговодството на јавното претпријатие ’Национални шуми‘, под чија надлежност се пумите во државата, состојбата е директно спротивна. Таму пумите растат. Но, на хартија“, пишува „Призма“
Нарко-пазарот и трговијата со луѓе во Македонија се пред сериозен предизвик да останат без „работна рака“. Не толку поради полицијата, или строгите казни, туку од конкуренцијата на друг бизнис, полесен, а повеќе исплатлив – дивото сечење, пишува „Призма“ во најновото истражување.
Проценката е дека продажбата на огревно дрво вреди близу 140 милиони евра годишно, од кои половина опаѓаат на нелегалната сеча. За споредба, бизнисот на шверц со луѓе, и тоа во целиот регион на Западен Балкан, се проценува на околу 50 милиони евра годишно.
Па, колку дрва годишно сечеме и гориме?
Според истражувањата, пишува „Призма“, станува збор за два милиона сто шеесет и пет илјади кубни метри огревно дрво. Со тоа количество можеме да наполниме 315 фудбалски терени, со големина како оној на Градскиот стадион во Скопје, со висина од еден метар. Ако тие терени се наредат по должина, ќе го покријат целиот автопат од Скопје до Тетово, и притоа покривната од цепеници ќе биде широка 60 метри и висока еден метар.
Повеќе од половина од таквиот автопат ќе отпадне на дрво што не е исечено на легален начин.
Државното јавно претпријатие „Национални шуми“ (поранешно „Македонски шуми“), институција која има за задача да го чува и збогатува шумскиот фонд, со начинот на кој работи, всушност го овозможува цутењето на нелегалниот бизнис.
„Национални пуми“, пишува „Пирзма“, со години постепено го намалува производството на огревно дрво, со што го проширува просторот, кој го пополнуваат криминални групи. Претпријатието со години е еден од најголемите вдомувачи на партиски кадри, со што е неефикасно и работи со големи загуби.
Колку е тоа понеефикасно, толку се попрофитабилни криминалните групи.
По повеќенеделните инсистирања за одговор и интервјуа со раководителите на „Национални шуми“, непосредно пред објавувањето на истражувањето, од „Призма“ добиле само писмени одговори во кои, некои клучни аспекти, се или неодговорени или нејасни.
Македонски шуми – очи ширум затворени
„Додека сателитите и алгоритмите го бележат намалувањето на шумската покривка, а насекаде се множат сведоштва на граѓаните за пустошење по планините, во книговодството на јавното претпријатие ’Национални шуми‘, под чија надлежност се пумите во државата, состојбата е директно спротивна. Таму пумите растат. Но, на хартија“,
пишува „Призма“.
Ова е една од главните забелешки и во годишните ревизии за финансиското работење на претпријатието.
Сите државни шуми, а тоа се 90 проценти од пумите во земјава, се дел од таканаречениот биолошки капитал на претпријатието, односно се неговото основно средство за работа.
Ревизорите што ја чешлаат работата на претпријатието, секоја година повторуваат серија сериозни забелешки за големи недостатоци во неговата работа.
Од јавното претпријатие, во својот одговор до „Призма“, не ги коментирале ревизорските наоди, но посочиле дека нивните средства не им се намалуваат поради стручното сечење.
Велат дека со преминувањето различни видови „плански одгледни сечи“, со кои сечат стари, болни, оштетени, престарени или криви дрвја и одреден број стебла од различен вид, тие не ја намалуваат површината под пума.
„Пошироката јавност честопати има погрешна перцепција за активностите на претпријатието, мислејќи дека со редовните активности во фазата сеча се уништува шумата, што не е точно“,
велат од претпријатието за „Призма“.
Целото истражување можете да го прочитате ТУКА.
