Компанијата продаде вакцини во вредност од 3,5 милијарди долари во првиот квартал
Американската фармацевтска групација „Фајзер“ објави дека очекува годинава да продаде 1,6 милијарда дози вакцини против инфекција со ковид-19, во вредност од 26 милијарди американски долари.
На крајот на февруари компанијата процени дека ќе продаде вакцини за околу 15 милијарди долари до крајот на годината. Во меѓувреме, „Фајзер“ потпиша дополнителни договори, меѓу другите, и со Европската комисија.
Компанијата во вторникот соопшти дека се постигнати договори со Канада и Израел за обезбедување вакцини во 2022 година, како и дека е во преговори со голем број други земји.
Вкупните приходи на „Фајзер“ годинава се очекува да бидат помеѓу 70,5 и 72,5 милијарди долари, во споредба со претходно предвидените 59,4 и 61,4 милијарди.
Компанијата продаде вакцини во вредност од 3,5 милијарди долари во првиот квартал.
Нето-добивката на компанијата се зголеми за 45 проценти на 4,9 милијарди евра, додека акциите во електронското тргување пред отворањето на берзата на Волстрит пораснаа за 1,3 процент.