Кинескиот претседател Си Џинпинг свика итна средба на Политбирото за разгледување мерки за борба со ширењето на коронавирусот. Но што досега е познато за ова заболување кое се шири со голема брзина и веќе се пренесе на сите континети?

-Засега е потврдено дека има 41 жртва од тој вирус во Кина од 24 јануари, и дека се заболени 1.287 луѓе;
-СЗО заклучи дека ширењето на вирусот е вонредна состојба за Кина, но се уште не е глобален итен случај;
– Во справувањето со болеста во Кина се вклучи и армијата, а меѓу построгите мерки е воведувањето карантин за 16 градови со 50 милиони жители;
– Досега непознатиот вирус се појави кон крајот на минатата година на животински пазар во градот Вухан со 11 милиони жители, во провинцијата Хубеј;
– Пекинг го затвори туристичкиот пристап до забранетиот град и ги откажа големите собири, меѓу кои и два лунарни новогодишни саеми, а затворен за посета е и Големиот ѕид;
– Симптомите се треска, кашлица и отежнато дишење;
– Кина вели дека вирусот мутира и може да се пренесе преку контакт од човек на човек;
– Најпогодени се постарите лица и оние со хронични заболувања;
– Три истражувачки тимови започнаа со работа на развој на потенцијална вакцина, соопшти Коалицијата за спречување епидемии;
– Научниците се надеваат дека ќе ги тестираат првите можни вакцини по три месеци;
– Аеродромите ширум светот го засилија скринингот на патници.

Листа на земји со потврдени случаи
КИНА
Најмногу заразени има во Вухан – досега се потврдени 1.300 случаи. Има заболени во Макао и во Хонгконг.
ФРАНЦИЈА
Во оваа држава има три случаи на заразени – прва европска држава погодена од новата болест. Еден е заразен во Бордо, друг во Париз. Третиот заболен и роднина на еден од другите двајца. И тројцата патувале во Кина. Во моментот се во карантин.
ЈАПОНИЈА
Здравствените власти денеска соопштија за трет заболен во државата.
АВСТРАЛИЈА
Потврден е прв случај на заболен од вирусот. Станува збор за маж кој во Мелбурн пристигнал од Кина пред една недела. Властите веќе се во потрага по сите лица кои патувале во истиот авион каде бил и заболениот.
МАЛЕЗИЈА
И таа држава има потврда за три случаи денеска. Сите се Кинези кои биле во Вухан. Заразени се 66-годишна жена и две девојчиња на 2 и 11 години.
НЕПАЛ
Има еден регистриран случај на 32 – годишен маж кој пристигнал од Вухан. Тоа е воедно и првиот кој се излекувал од болеста и веќе ја напуштил болницата.
СИНГАПУР
Три случаи на заболени од коронавирусот. Сите биле во Вухан.
ЈУЖНА КОРЕЈА
Втор случај потврден денеска во оваа држава. И двајца заболени биле во Вухан.
ТАЈВАН
Три случаи со потврдена зараза. Издадена е наредба да бидат вратени сите што доаѓаат до Вухан.
ТАЈЛАНД
Пемина заболени – четири Кинези од Вухан и 73-годишна жена од Тајланд која била во посета на роднина во Вухан.
САД
Два случаи на заболени – еден во близина на Сиетл и еден во Чикаго.
ВИЕТНАМ
Два случаи на заболени граѓани на Виетнам – маж кој бил во Вухан и го заразил синот.