Федералните здравствени агенции на САД денеска препорачаа пауза за употреба на вакцината бидејќи шест жени под 50 години добија ретки згрутчувања на крвта откако примија доза од вакцината
Компанијата „Џонсон и Џонсон“ соопшти дека ќе ја одложи испораката на вакцините против ковид-19 во Европа. Според соопштението, компанијата ги разгледува случаите на исклучително ретки згрутчувања на крвта кај луѓето откако ја примиле вакцината.
Федералните здравствени агенции на САД денеска препорачаа пауза за употреба на вакцината бидејќи шест жени под 50 години добија ретки згрутчувања на крвта откако примија доза од вакцината, што претставува нов неуспех во напорите за справување со пандемијата.
Европските регулатори во петокот почнаа со испитувања во врска со наводите за згрутчување на крвта од оваа вакцина.
„Во моментов не е јасно дали постои некаква поврзаност помеѓу вакцинацијата против ковид-19 од оваа вакцина и состојбите со згрутчување на крвта“,
соопшти Европската медицинска агенција.
Тие додаваат дека по испитувањата ќе одлучат дали ќе преземат дополнителни регулаторни дејствија.
„Политико“ пишува дека овој потег претставува уште еден значаен неуспех во кампањите за вакцинација на ЕУ, особено откако многубројни земји во ЕУ ја ограничија употребата на вакцината „Астра Зенека“ на постара популација поради слична загриженост за згрутчување на крвта.