Владата преку соопштение најави дека во земјава пристигнува нова пратка на вакцини, а по тој повод премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче ќе одржат прес-конференција.
Од Владата засега не откриваат кои се вакцините што се очекува да пристигнат и во колкава количина. Информацијата ќе ја соопштат Заев и Филипче на настанот што треба да започне за околу еден час пред Институтот за трансфузиона медицина.
Досега во земјава пристигнаа 24 000 вакцини на „Астра Зенека“ преку механизмот Ковакс, како и 3 000 вакцини од „спутник В“. Србија, пак, ни донираше 8 000 вакцини од „Фајзер“.
Покрај преостанатите количини преку механизмот Ковакс и од руската вакцина, Северна Македонија има нарачано и вакцини од Кина и директно од производителот „Фајзер“. Исто така, земјава треба да добие вакцини и од ЕУ.