Првпат по шест месеци во Лондон за 28 март нема пријавено смртни случаи од ковид-19, покажуваат официјалните податоци.
Бројките на Заводот за јавно здравство на Англија (PHE) за 28 март покажаа дека нема регистрирано смрт кај пациенти со ковид-19, додека во екот на корона-кризата во април минатата година во Лондон беа регистрирани околу 230 смртни случаи на ден.
Во текот на минатата недела вкупниот број на смртни случаи од коронавирусот во англискиот главен град изнесувал 14, пренесува Скај њуз.
„Ниту еден смртен случај во Лондон е голем чекор, но е точно тоа – само чекор. Мора да продолжиме со програмата за вакцинација“,
велат од Заводот.
Од почетокот на пандемијата во Лондон се регистрирани 708 000 позитивни на коронавирусот, од кои 15 000 починале во рок од 28 дена откако се тестирале.
