Според дипломатите, ова е одлична вест и на политички план, бидејќи е конкретен одраз на меѓународната солидарност, како и на европската солидарност
Целта е вакцината да дојде до сите луѓе, бидејќи никој не е безбеден додека сите не се безбедни, е пораката што ја пренесоа претставници на дипломатскиот кор во земјава, кои присуствуваа при пристигнувањето на првите 24 000 дози вакцини преку Ковакс механизмот на Меѓународниот аеродром во Скопје.
Американската амбасадорка Кејт Брнз истакна дека сите земји треба да имаат пристап до вакцините против ковид-19, со цел да се стави крај на пандемијата.
„Брзото ширење на ковид-19 ни покажа дека ниту една нација не може да делува сама кога станува збор за глобалните предизвици. Ќе се соочиме и ќе ја пребродиме оваа пандемија доколку делуваме заедно како партнери“,
рече Брнз.
Германската амбасадорка Анке Холштајн изрази задоволство што денеска пристигнаа првите дози, иако како што рече, посакувала ова да се случеше три месеци порано.
„Германија е коосновач на платформата за снабдување вакацини и е нејзин најголем донатор со 2,1 милијарди евра. Ковакс снабдува, во првиот чекор, до крајот на мај, 142 земји со вакцини. Од нив 89 се земји во развој, чии вакцини ќе бидат финансирани преку меѓународни донатори. Вакцините се бесплатни за државите приматели. Секое петто евро за тоа доаѓа од Германија, секое трето евро од ЕУ. Ние сме безбедни дури тогаш сите други се безбедни. Во битката за распределба, со нашите прозиводствени капцитети, можеби краткорочно би победиле. Но, по таа цена, во други делови од светот пандемијата и понатаму неконторлирано би се ширела“,
нагласи Холштајн.
Британската амбасадорка Рејчел Галовеј рече дека Велика Британија, како еден од првите донатори во Ковакс, досега oбезбедила 548 милиони фунти за Ковакс и 1,3 милијарди фунти помош за ставање крај на пандемијата со коронавирусот што е можно побрзо. Посочи дека вакцините спасуваат живот и ја намалуваат хоспитализацијата и оти се потребни уште вакцини, затоа што никој не е безбеден додека сите не се безбедни.
Францускиот амбасадор во земјава Сирил Бомгартнер истакна дека со овие дози вакцини ќе може да започне вистинската и масовна кампања за вакцинација во земјава.
„Ова е само почеток. Над 10 .000 дози се предвидени во рамки на овој механизам. Ова е прекрасна вест за граѓаните и за медицинскиот персонал, но ова е одлична вест и на политички план, бидејќи е конкретен одраз на меѓународната солидарност, како и на европската солидарност. Сите сме засеганти од оваа пандемија и ќе ја победиме само доколку сме обединети и солидарни“, .
порача Бомгартнер
Никола Бертолини, раководител за соработка во Делегацијата на Европската Унија, наведе дека вакцините се светло на крајот на тунелот на пандемијата.
„Му се заблагодарувам на министерот Филипче и неговиот тим, кои работеа напорно за да ги добијат вакцините. Тоа е комплицирана работа, треба да се работи на регулатива, на логистика… Вакцините се рефлексија на солидарост во борба против вирусот. Се додека сите не се вакцинирани нема да бидеме безбедни, дотогаш треба да се придржуваме до мерките на дистанца, носење маска и одржување хигиена“,
рече Џихан Тавила, претставничка на СЗО во земјава,
Патриција Ди Џовани, претставничка на УНИЦЕФ во земјава, ги охрабри луѓето да се вакцинираат, со цел, како што рече, децата да се вратат во училиштата, а родителите да можат да се вратат на работа.
Росана Дуџак, постојан координатор на ОН во Северна Македонија, рече дека од почетокот на кризата светската организација работи со Владата, со цел намалување на последиците од пандемијата.
Вакцините „Астра зенека“ што пристигаа денеска преку Ковакс-механзимот се произведени во Кореја. Со нив вакцинацијата треба да стартува в среда во вакциналните пунктови во здравствените домови.