Во Дебар Маало, синоќа, пред почетокот на полицискиот час, имаше засилено присуство на полиција и метеж околу неколку од кафулињата. Од МВР потврдија денеска дека на таа локација имало тепачка, така што шест момчиња нападнале 19-годишник
Неколку лица биле привидени во полициска станица во Скопје и се осомничени за учество во тепачка и за физички напад врз 19-годишно момче во кафе бар во Дебар Маало. Меѓу приведените, како што неофицијално јави „МКД.мк“, се и синот на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и синот на неговиот брат Влатко Мијалков, поранешен директор на Царинската управа.
Во Дебар Маало, синоќа, по 21.30 часот, пред почетокот на полицискиот час, можеше да се забележи засилено присуство на полиција и метеж околу кафулињата. Од МВР потврдија денеска дека на таа локација имало тепачка, така што шест момчиња нападнале 19-годишник, ама не го откриваат идентитетот на напаѓачите. Сепак, иницијалите на осомничените упатуваат на тоа дека меѓу приведните се и синовите на Мијалкови.

Како што информираа од МВР, 19-годишник со иницијали И.С од Скопје ноќеска во 00.30 часот во Полициска станица „Центар“ пријавил дека синоќа околу 21.45 часот, во и пред угостителски објект на подрачјето на Центар, бил физички нападнат од Ж.К., А.М., М.К., Ф.М., С.Р. и И.С.
Од МВР за МИА информираа дека лицата се повикани во полициска станица и е известен јавен обвинител.