Пополнет е и последниот болнички кревет во штипскиот ковид-центар. Директорот на Клиничка болница – Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека доцна попладнево овој центар е целосно исполнет со пациенти од источниот регион, кои бараат болнички третман.
„Побаравме дел од пациентите да се хоспитализираат во Кочанската болница, но и таму капацитетот веќе се полни и имаат само неколку слободни места“,
вели Ѓеорѓијев.
Посочува дека притисокот за болнички третман е голем од пред четири дена, кога нагло се исполни ковид-центарот.
Ѓеорѓијев за МИА вели дека веќе размислува да се обезбедат дополнителни места во други оддели, за што во текот на утрешниот ден и ќе информира. На Инфективното, Анестзеилогија и Кожното одделение се лекуваат околу 70 пациенти.